ВИДЕОI Пожар во трговски центар во Подмосковје, повреден e чувар

Голем пожар избувна денеска во трговскиот центар „Стројпарк“ во Балашиха, Подмосковље, на површина од 10.000 метри квадратни.

Покривот на објектот се урнал на површина од 900 метри квадратни, изјави за руските медиуми извор од итната помош.

Повреден е чуварот кој се обидел да го изгасне пожарот пред да пристигнат пожарникарите. Констатирани му се повреди на горниот респираторен тракт.

Вработените во трговскиот центар се евакуирани.

Според локалните медиуми, прво се запалил градежен материјал кој бил на отворено, а потоа пожарот се проширил и на зградата на трговскиот центар.