ВИДЕОI Престрелка меѓу мигранти кај Суботица – полицијата уапсила 600 лица

По вооружената престрелка во кој било употребено автоматско оружје, полицијата ноќта и утрото привела поголема група мигранти на подрачјето на Хоргош и Суботица. Според извештаите, во акцијата биле откриени повеќе од 600 илегални мигранти кај кои биле пронајдени оружје и капа „ОВК“.

И додека мештаните се загрижени за својата безбедност, министерот за полиција вели дека граѓаните на Србија и нивниот имот ќе бидат заштитени.

Поради престрелката што се случила во четвртокот, полицијата реагирала и уапсила неколку лица. Нелегален камп изутрината е откриен на ливада каде во шатори престојувале десетици мигранти. Од МУП велат дека ги идентификувале оние кои учествувале во престрелката и дека едно лице е повредено.

„Припадниците на МУП Србија ги презедоа сите мерки и активности за блокирање на овој простор. Откриени се повеќе од 600 нерегуларни мигранти, идентификувани се одредени лица кои учествувале во синоќешната престрелка, а пронајдено е и огнено оружје“, се вели во соопштението на српскиот МУП.

Ова не е прв ваков инцидент меѓу мигранти во Хоргош. Во текот на летото во шумата кај Суботица, додје до вооружена престрелка во која еден мигрант загина, а неколкумина беа повредени.