ВИДЕОI ЈСП продава билети без фискална сметка, тврди Јовановски

„Велат на лагата и се кратки нозете, а јас велам некому е краток паметот, а долг јазикот“, вака вели предводикот на Слобода превоз Ленин Јовановски на Фејсбук по она што се случило во автобус на ЈСП.

„Видео запис во автобус на ЈСП во кој нема фискален апарат, а возчот ми продаде билет за кеш без да ми издаде фискална сметка.

Ова нешто е пракса во секој автобус на ЈСП, каде возачите од директорот на ЈСП се принудени ова незаконито продавање да го прават баш вака“, истакнува Јовановски и прашува:

„И сеа маќео шу праиме“?

„Крадецот викал на цел глас држте го крадецот!“, зклучува Јовановски.