Видиќ демантира дека има проблем со Дејвид Мојс

Српскиот интернационалец Немања Видиќ експресно ја негираше пласираната информација од англиските медиуми дека новиот менаџер на „црвените ѓаволи” Дејвид Мојс, е причината поради која си заминува од “Олд Трафорд” на крајот од актуелната сезона.

„Дејвид Мојс нема никаква врска кога е во прашање мојата одлука да си заминам од “Олд Трафорд” на крајот од актуелната сезона. Дојде тој момент кога морам да ја сменам мојата клупска средина. Време е за промена, време е за нова авантура, имав потреба од нов предизвик, а го најдов во италијанската Серија А. Поминав осум прекрасни години на “Олд Трафорд”, освоив пет шампионски титули, славев во Лигата на шампиони и играв покрај најголемите легенди. Се оформив како фудбалер, како човек и секогаш по убаво ќе ги паметам овие осум години”, изјави искусниот дефанзивец.