Видиќ најверојатно преголем залак за Фиорентина

Амбициозните сопственици на италијанскиот премиерлигаш Фиорентина, браќата Дела Вале, ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, српскиот интернационалец, Немања Видиќ.

Искусниот дефанзивец има договор со „црвените ѓаволи” до 2015 година, но најверојатно клупските челници нема да му понудат ново продолжување на соработката.

Челниците на италијанскиот калчолигаш се подготвени да одвојат околу осум милиони евра за 32-годишниот дефанзивец, но слична таква понуда за Видиќ најверојатно ќе испратат и големиоте ривали на Фиорентина од Серија А, Милан и Јувентус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.