(ВИДЕО) Најмалку 11 мртви во силна експлозија во Могадишу

Најмалку единаесет лица загинале а уште десет се повредени во експлозија во близина на трговски центар во сомалиската престолнина Могадишу во понеделникот, изјавил полициски претставник за агенцијата DPA, а одговорноста за нападот ја преземаа милитантните од групацијата ал-Шабаб.

Снимките покажуваа густ бел чад како се издигнува над трговскиот центар во населбата Хамар Вејне.

Полицискиот службеник Ахмед Башан изјавил за агенцијата дека експлозијата е предизвикана со автомобил бомба, но дека уште не е јасно дали во нападот учествувал и самиот бомбаш.

„Голем автомобил бомба експлодирал на паркингот во близина на трговскиот центар. Најновите бројки покажуваат дека 11 невини луѓе загинале во експлозијата“, рекол Башан.

Интернет страницата somalimemo.net, која се смета за блиска на ал-Шабаб, цитира неименуван претставник на оваа терористичка групација кој ја потврдил нивната одговорност за нападот.