Виена прави бизнис од геј парадата

Демонстрациите во центарот на Виена ретко ги радуваат претриемачите, но не и еден од најголемите протести, демонстрациите за правата на хомосексуалци, на кои минатиот викенд се собрале 150 илјади учесници.

„Прајдот“ стана важен економски фактор, бидејќи учениците изнајмуваат камиони, приколки, обезбедување.

Вкупниот буџет на „Парадата“ е 80 илјади евра, објаснува организаторот Кристијан Хегл.

Покрај тоа од Парадата на гордоста голема корист имаат угостителите, трговците и хотелите, бидејќи многумина од нив во неделата во Виена го достигнала рекордот.

Така на пример и сопственикот на пансионот Питер Вилд, на кого му биле пополнети сите соби, а 90 отсто од гостите минатиот викенд, биле  хомосексуалци.

-Гостите хомосексуалци  имаат лични барања и за тоа се подготвени да потрошат огромна сума пари. Тие сакаат добро да јадат и да пазарат, објаснува Вилд.

Хомосексуалците трошат многу повеќе од хетеросексуалците, тврдат статистиките, кои укажуваат дека хомосексуалците трошат 500 евра во текот на одморот, а хетеросексуалците во просек помеѓу 150 и 200 евра.

Значењето на хомосексуалците за економијата одамна го откри виенскиот туризам, кој веќе од 1997 – ма вложува многу пари во геј маркетингот.

На меѓународните саеми, преку социјалните мрежи и разните водичи за хомосексуалци Виена се обидува да привлече туристи од оваа целна група.

Оваа тактика очигледно има успех на што укажува податокот дека 91 отсто од хомосексуалците во истражувањето изјавиле дека Виена е особено привлечна за нив.