Виенската опера првпат ќе постави дело од композитор жена

31

Првпат во 150-те години од постоењето на најголемата оперска куќа во Австрија, на нејзината сцена ќе биде изведено дело од жена.

Во јаниари во Виенската опера премиерно ќе бниде поставена оперската верзија „Орландо“ на Вирџинија Вулф. Авторка е австриската композиторка Олга Нојрит.

„Навистина сакам малку да го тресам ова старо прекрасно и чудесно место“, вели 51-годишната Нојрит за британски The Guardian.

Според неа, романот на Вирџинија Вулф било нејзино омилено литературно дело уште од 15-годишна возраст, поради слободното искажување на писателката со родова тематика. Во првиот дел од книгата Орландо живее како маж, а во вториот како жена.

„Ова е дело за слободата на изразувањето, за тоа да бидете она што сте, да го изберете вашиот сопствен идентитет и да не се прикриваа зад машкиот или женскиот“, смета Нојрит.

На почетокот од романот Орландо е млад човек во Англија во елзиолизабетијанска Англија, а на крајот е 36-годишна жена во 1928 година, датимот на објавувањето на книгата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.