Виенскиот бал во Скопје со хуманитарна димензија

Во хотелот „Александар Палас“ во Скопје вечер ќе се одржи 22. издание на Виенскиот бал. Настанот е по покровителство на амбасадата на Република Австрија во Скопје, а во организација на Здружението за културна соработка Јохан Штраус.

Како што е најавено, гостите ќе се дружат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на Штраус музиката, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на Виена.

И годинава, Виенскиот бал во Скопје има хуманитарна димензија. Оваа година донацијата оди за децата С.О.С детското село,

Секој гостин на балот активно ќе учествува во афирмација на човековата добрина, достоинството и вредноста на човекот. За време на настанот, а со поддршка од „Елена Лука“ ќе се одржи и модна изложба на десетина луксузни, „Haute couture“ креации.

Во уметничката програма на Виенскиот бал во Скопје ќе настапат уметници – оркестарот „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригенство на Бисера Чадловска – ќе настапат првенците на Балетот од Националната опера и балет Саша Ефтимова и Балаж Локсен од Унгарија, Мирослав Митрашиновиќ, Христина Наќевска. – танчери на Танцовиот клуб „Прима Данца Врачар“, плесна школа од Белград – Свингерси – и вокалните солисти: Драган Бобиќ – Дексо, Калина Велковска. Водител на Балот е Вера Мештеровиќ.

На Виенскиот бал во Скопје се почитува вековната традиција на задолжителниот дрес код, и тоа, за дамите – свечена долга тоалета, а за господата – смокинг, темно одело или униформа.

-Виенскиот бал во Скопје и оваа година, потврдувајќи ја македонско-австриската сорaботка на поле на културата и уметноста, уште еднаш ќе ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот, и тоа во служба на хуманоста соопштија организаторите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.