14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Виетнам светски шампион во борбата против коронавирусот, со 97 милиони жители има 300 заразени и нула починати

И покрај долгата граница со Кина и население од околу 97 милиони луѓе, Виетнам потврди само триста случаи на заразени со коронавирус, а не ниту една регистрирана смрт.

Помина еден месец од последното пренесување на вирусот, па властите решија да ја отворат земјата. Експертите велат дека Виетнам ја избегнал катастрофата со навремено реагирање.

Се воведоа многу строги мерки за кои се чини дека успеале да го спречат ширењето на вирусот. Уште во јануари, иако немаа ниту еден потврден случај на COVID-19, виетнамските власти презедоа драстично дејствување за борба против мистериозниот вирус во кој во тоа време загинаа само две лица во Вухан.

„Виетнам реагираше многу, многу брзо на екстремен начин, но мерките беа многу разумни“, рече професорот Гај Тавитс, директор на одделот за клинички истражувања на Оксфорд во градот Хо Ши Мин, кој има работено со владата во борбата против заразните болести. Така, воведени се забрани за патувања, строга контрола на ситуацијата и се затвори границата со Кина, што може да се премине само со интензивни проверки на граничните премини. Училиштата биле веднаш затворени , за да се отворат кон средината на мај, пишува Би-Би-Си.

Тавитс објаснува дека Виетнам е земја со долгогодишно искуство со заразни болести, од појавата на САРС во 2003 година, до птичји грип во 2010 година, како и спорадични епидемии на сипаници и денга треска пренесени од комарци. Поради лошото искуство со инфекциите, тамошните власти, објаснува Тавитс, се занимаваат со епидемии веројатно подобро од побогатите земји.

Една од мерките што беше воведена веднаш беше дека секој што влегува во земјата е испратен во карантин во траење од 14 дена, како и секој со кого имал контакт со заразено лице. Условите за карантин не биле луксузни – една Австралијка изјави дека морала да спие во просторија со само душек, без перници и ќебиња и само еден мал вентилатор во топлата просторија.

Воведено е и масовно тестирање на сите оние кои „завршиле“ во карантин, а Тавитс проценува дека околу 40 отсто од случаите не би биле познати без овој потег. Тие биле пациенти кои биле тестирани и покрај тоа што немале никакви симптоми и се покажало дека се позитивни на Sars-CoV-2.

– Кога имате толку многу асимптоматски пациенти, контролата е единствената работа што треба да ја направите. Ако Виетнам не ги затвореше овие луѓе, тие ќе одеа неконтролирано и ќе го разнесуваа вирусот – објаснува тој.

Виетнамските власти никогаш не воведоа комплетен карантин во земјата, но реагираа брзо на избувнувањето на жариштата. Во градот Сон Лој северно од Ханој, повеќе од десет илјади луѓе биле целосно отсечени од остатокот од земјата по избувнувањето на инфекцијата, а слично нешто се случило набргу потоа на 11 илјади жители на Ха Лои. Никој не смеел да влегува или да ги напушти овие населби сè додека немало потврден случај најмалку две недели.

Иако во Виетнам е воспоставен еднопартиски режим, властите за време на кризата многу добро комуницирале со луѓето. На сите им биле испратени редовни СМС-пораки со најнови информации за воведените мерки и совети како да се заштитат од коронавирус. Пропагандата, велат експертите, на некој начин ја поставила нацијата во „состојба на војна“, која создала силно чувство за борба во општеството против заеднички непријател.

Случајот со Виетнам, чија економија се опоравува и општеството се враќа во нормала, покажува дека рестриктивните мерки за превенција се најдобриот начин за решавање на коренот на проблемот, заклучува Би-Би-Си.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.