Виетнамска полиција запленила употребени кондоми кои повторно илегално се продавани

55

Виетнамска полиција запленила повеќе од 320.000 употребени кондоми кои повторно илегално биле продавани, објавија локалните медиуми.

Тие објавија фотографии од десетици кеси полни со кондоми вкупно тешки 360 килограми, кои неодамна биле откриени во складиште во јужната провинција Бинх Дуонг. Жена за која се верува дека е сопственик на складиштето е уапсена.

 

Кондомите биле перени, преобликувани со дрвен вибратор и пакувани, пред повторно да се најдат на пазарот.

 

Уапсената жена изјавила дека плаќала 0,17 долари за килограм кондоми, објави државната телевизија ВТВ. Не е познато колку вакви кондоми биле продадени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.