Викенд временска прогноза

56

Времето денеска во Македонија ќе биде во западните делови претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност.

По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Во недела времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со утринска магла. Попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Додека, пак, во вторник времето ќе биде променливо облачно со услови за утринска магла по одделни котлини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.