Викендов 576 јавувања на Ало докторе!

На телефонската линија 15123, попозната како Ало докторе, викендов се јавиле 576 лица, соопштуваат од Здравствениот дом Скопје.

Во текот на викендот, најчестите јавувања биле за здравствената состојба ан децата, најчесто за покачена темпертатура и настински, како и совети за возрасни за кардиоваскуларни, респираторни и психијатриски совети.

Дежурните лекари имале потреба само две лица да препратат во Итната помош.

Денеска дежурен доктор е д-р Оливера Давчева, директор на ЈЗО„Здравствена станица- Железара“, а додека пак утре, дежурен е д-р Небојѓа Пешиќ, директор на Клиниката за дерматовенерологија.