Викендов ни доаѓа снег во Македонија, температурeн шок од понеделник и минусни температури

Времето утре ќе биде наутро студено и ветровито. Преку денот ќе биде облачно и ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а понекаде во долините е можен слаб дожд.

Во недела времето ќе биде претпладне променливо облачно и студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер.

Во понеделник времето ќе биде утрото многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.

Минималната температура во понеделник ќе достигне -11 степени.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.

УХМР предупредува дека поради продор на студен воздух денес од крајот на денот и утре ќе дува засилен северен ветер. Од ноќеска кон изутрина понекаде на планините на северот ќе има услови за провејување на слаб снег, а понекаде во котлините за појава на краткотарен дожд.