Викендов приведени четворица скопјани поради поседување наркотици

Изминатиот викенд во полициски акции на повеќе локации приведени се четири лица, како кои биле откриени сомнителни материи на наркотици, извести Минситерството за внатрешни работи

Во петокот во 16.40 часот на подрачјето на општината Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле 24-годишниот М.С. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Подицна вечерта истиот ден, околи 22.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 25=годишниот скопјанец К.К. откако кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Во саботата, пак, половина час по полноќ исто така на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги привеле 42-годишниот Н.А. и 44-годишниот Р.Ф, и двајцата од Скопје, бидејќи кај двајцата била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.