12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Викендов сончево и топло, од понеделник променливо

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, информира УХМР.

Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.