Викендов сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 16 степени, а дневната температура од 19 до 26 степени.

Во Скопје и околината сончево со мала облачност и слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 25 степени.

Според УХМР топлото време ќе се задржи и во текот на наредните денови проследено со повеќе сонце.