Викендов во 32 сообраќајки, повредени 15 лица

Во текот на изминатите денови (30/31.03 и 01.04.), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, 10 со телесни повреди и 19 со материјална штета.

При сообраќајните незгоди три лица(еден пешак, еден возач на мопед и еден возач на мотоцикл) се здобиле со тешки телесни повреди и 12 лица се здобиле со лесни телесни повреди. Санкционирани се 68 возачи бидејќи се возеле со поголема брзина од дозволената.

Исто така, од сообраќај се исклучени 79 возачи: од нив 52 управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, 10 биле возачи почетници и 17 управувале возила под дејство на алкохол. Покрај ова, 20 возачи се санкциониран бидејќи поминале крстосница на црвено светло, четворица не дале првенство на минување на пешаци, двајца – неправилно се престроиле, 10 возачи неправилно престигнувале и тројца не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница.

Од сообраќај се исклучени и 46 возила бидејќи 45 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно. Во однос на пешаците, двајца пешаци се санкционирани бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 208 мандатни платни налози, додека 145 возила се подигнати со “Пајак”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.