Викендов времен сообраќаен режим на булевар Србија

Изведувачот на проектот  изградба на фекална канализација  до населеното место Сопишта и локалитетот „Сончев град“,   ги известува учесниците во сообраќајот, дека на 20 и на  21 12.2014 година (сабота и недела), сообраќајот ќе се се регулира со времена измена на режимот.

Времено ќе биде изменет режимот на движење на булеварот Србија, кај влезно-излезната улиица на бензинската пумпа Макпетрол, којашто се наоѓа на десната страна на булеварот Србија во насока кон булеварот Јане Сандански.

Учесниците во сообраќајот треба да ја почитуваат времено поставената сигнализација и да го приспособат возењето согласно со времената измена.