„Викиликс“ доследен – го објави името на „Државата Х“ !

„Викиликс“ покажаа дека се доследни на своите ставови.Ипокрај строгите предупредувања на американската влада дека откривањето на информациите би можеле да предизвикат немири и човечки жртви, сепак го објавија името на државата. Од организацијата, која ја предводи Асанж, порачале дека нема да соучествуваат во цензурата посебно кога станува збор за погодената земја.Јавноста има право да знае за која држава се работи, кога станува збор за документите на Сноуден кои откриваат до сега најтежок надзор на американската агенција НСА, пренесе порталот advance.hr.

Авторите на весникот „Интерсепт“ одлучија да не го објавуваат името на оваа држава заради наводниот страв дека тоа откритие би предизвикало исклучително негативни и опасни реакции, иако ги имаа на располагање деталите од документите. Еден од главните автори е новинарот Глен Гринвалд. Документите откриваат како агресивниот американски шпионски програм во дотичната земја, го зголемил надзорот на едно сосема ново ниво и дека се снимаат сите телефонски повици.

Mystic

„Викиликс“ жестоко се спротивстави на ваквата „навредлива политика“, со коментар дека станува збор за обична цензура која е темелена на лажни аргументи на американскиот Пентагон. Ова стои во најавата дека ќе го објават името на државата во рок од 72 часа, доколку Интерсепт не го направат тоа.

„Вистината никогаш никого не му наштетила,“ изјавија од организацијата.

Постоеја разни шпекулаци за тоа за која држава би можело да станува збор.  Денеска истече рокот од  72 часа и Викиликс го одржаа своето ветување, на своите страници објавија порака:

„Викилис не може да биде судија за цензурата за земјата жртва Х. Во прашање е државата Авганистан.“

Мистеријата е решена, но какви ќе бидат последиците? Како прво, треба да се истакне како во случајот „Држава Х“, за која од утрово знаеме дека е Авганистан, не се применува „класична“ НСА шпионажа (која всушност ја наѕира целата планета), туку специјален агресивен програм, под назив „МYSTIC“ како што откриваат документите на Едвард Сноуден. Се снимаат скоро сите локални и меѓународни повици на таа држава.

Главниот уредник и основач на „Викиликс“, Џулиан Асанж, кој и понатаму се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон, напиша текст по повод објавувањето на овие информации и жестоко ја критизираше САД, но и медиумите кои им „помагааат во цензурата“. Во текстот на Асанж се наведува:

„Знаеме од претходните извештаи како НСА масовните шпионски програми се една од клучните компоненти на американскиот програм на беспилотни летала. Американските дронови убиле илјадници луѓе и стотици жени и деца во Авганистан, Пакистан, Јемен и Сомалија, директно кршејќи го меѓународниот закон. Да се цензурира идентитетот на земјите- жртви би била директна асистенција во убивање на невини луѓе“ .

Уште еднаш Џулиан се покажа како личност со конзистентен морален интегритет, бидејќи ова несомнено  била тешка одлука.

Програмот „Мистик“ на НСА следи неколку држави, но во две од нив Бахамите и Авганистан (означена како „држава Х“) се спроведува агресивен надзор во кој сите телефонски разговори се снимаат. „Поблага“ верзија на овој надзор се спроведува во Кенија, Мексико и Филипините каде што се надгледуваат таканаречените „мета“ податоци за раговорите (времето на повикот, траењето, броевите итн.)

Какви ќе бидат последиците на ова откритие? Секако, некои можеби се надевале на „поинтересен“ идентитет на државата, како на пример Турција, Германија, Израел…. Но, откритието дека се работи за Авганистан ќе има огромни последици. Имено, САД веќе со години интензивно вршат притисок на Кабул по прашањето на потпишување на таканаречениот „сигурносен споразум“  според кој американските трупи би можеле да останат во земјата и после 2014 година  (до крајот на оваа година мораат сите да се повлечат доколку споразумот не е потпишан).

Претседателот на заминување, Хамид Карзаи, иако неочекувано се „одметна“ од САД и се спротивстави на потпишувањето на овој споразум. Вашингтон сега чека на новиот претседател и сметаат дека со него веднаш ќе го потпишат споразумот. Овде сега, на ред доаѓаат две откритија кои можат, а веројатно и ќе ги замрсат плановите на америка во авганистан.

Тешко е да се прогнозира, но ова откритие потенцијално би можело во потполност да го реши военото присуство на САД во Авганистан (според многумина „окупација“). Имајќи го тоа предвид, важноста на оваа објава е од исклучителна важност. Не е за очекување дека заради неа ќе дојде до „немири и жртви“, како што од Пентагон ги предупредуваа новинарите на „Интерсепт“ и „Вашингтон Пост“, но би можело да дојде до поголеми промени во самото политичко определување на земјата. Доколку САД биде присилен во потполност да го напуштат Авганистан, баш како што мораше да го напушти и Ирак, тоа би било голем удар за американската администрација.