Викиликс ќе објави која држава е под масовна шпионажа од НСА, се стравува од немири

Од организацијата „Викиликс“ се особено лути заради, како што тврдат, цензурата која почнала да се вовлекува во редовите на оние кои би требало да бидат клучни во разоткривање на тајните разузнувачки операции кои ги спроведува американската НСА. Поточно, лути се на американскиот новинар Глен Гринвлад и весникот „Интерсепт“ (The Intercept) за кој тој пишува, пренесоа повеќе медиуми во светот и регионот.

Имено, Гринвалд поседува огромна количина на материјал што му го доставил американскиот дојавувач Едвард Сноуден кој моментално се наоѓа во Русија, каде што доби азил од прогонот.

Спорот меѓу Викиликс, предводен од Џулиан Асанж, кој и понатаму е „затвореник“ во еквадорската амбасада во Лондон (кадешто се наоѓа уште од мај 2012 година кога кај нив најде прибежиште од прогонот – доби азил, но поради физичката неможност да ја напушти амбасадата, бидејќи веднаш би бил уапсен од страна на британската полиција, не е во можност да ја напушти локацијата веќе две години), Глен Гринвалд кој од престижниот Гардијан прејде во новиот медиум Интерсепт (дел од медиумската организација Фрст Лук Медиа) е прашање на новите разузнавачки информации, дел од „документите на Сноуден“.

Имено, во документот се обелоденува масовно шпионирање на неколку земји од страна на НСА. Според деталите, се работи можеби за најинтензивните „НСА напади“ воопшто. Овие земји се голема „мета“, но весникот „Интерсепт“ објави само едно име – Бахами. Останува мистерија која е другата земја, а од „Викиликс“ порачуваат дека јавноста има право да ја знае целата  приказна, и покрај предупредувањата од страна на Американската влада дека откривањето на такви информации би можело да доведе до „засилено насилство и потенцијална смрт“.

Но, Викиликс  жестоко го прекорија Гринвалд овинувајќи го дека попуштил под цензурата и дека тие сега тоа ќе го исправат. На Гринвалд и  на весникот Интерсепт му дадоа 72 часа (од вчера попладне) да го објават името и на другата земја или тие ќе го направат по истекот на наведениот рок ќе ја објават самите информацијата.

Приказната е многу сериозна, бидејќи податоците откриваат како НСА во овие две земји ги собира содржините на сите телефонски комуникации. Со други зборови, се работи за уште поагресивна шпионажа од досега откриените операци на НСА ширум светот.

Фактот дека Бахами е една од метите не е изненадување земајќи предвид дека оваа земја е дел од таканаречените „карписки банкарски центри“ во која се наоѓаат околу 290 милијарди американски државни обврзници. Властите од главниот град Насау, бараат „одговори“ за оваа шпиунажа, но на сите име јасно дека сепак Бахамите овде не се главна вест.

Она што сите се прашуваат во овој момент е – која  е другата држава? Државата чие име Гринвалд и неговите колеги од весникот Интерсеп одличија да не го објават. Новинарите Рајан Деверо, Глен Гринвалд и Лора Поатро (Ryan Devereux, Glen Greenwald и Laura Poitris), кои работеа на оваа приказна, истакнуваат дека името на другата држава не го објавиле поради „основана загриженост заради можна ескалација на насилство“.

Од Викиликс жестоко реагираат и тврдат дека „Интерсепт“, кој требаше да биде „слободен нов медиум“, тргнал по патот  на „Вашингтон Пост“, однесувајќи се на честите цензури во објавите за документите на Сноуден.

„Не е нити на Вашингтон пост нити на Интерсепт да ги скратуваат правата на цел народ да знае дека масовно се снима. Не е нивна одлука како народот ќе реагира на масовното кршење на нивните права од страна на САД“ – порачаа од „Викиликс“.

Гринвалд ,пак, тврди дека се навистина сериозно загрижени дека објавата на овој податок би можела да доведе до насилно прекинување на животи. Викиликс возвраќа: „Дали вистината било кога било кому некогаш му наштетила? Повторувајќи го ова лажно тврдење  Пентагон нанесува штета на сите кои ја објавуваат вистината.“

„Во рок од 72 часа ќе го објавиме името на земјата чија популација масовно се шпиунира и снима“, стои во пораката на Викиликс која е објавена вчера попладне во 18:35. Доколку Викиликс остане доследен на сето ветување, името на мистериозната држава би требало да го дознаеме пред викендот.

Дали Викиликс навистина ќе ја објави оваа информација? Ни останува да ги одброиме часовите и да видиме.

Секако, на интернет  мрежите веќе почнаа бројни шпекулации за тоа која би можела да биде државата. Доколку сепак постои ризик даека информацијата би можела да предизвика „насилство“, како што тврди американската влада, може да се претпостави дека се работи за некоја поголема држава, а не во рангот на Бахамите. Понатаму, би можеле да шпекулираме дека се работи за држава која е формално сојузник на САД, додека фактот сам по себе не му одговара на народот на самата држава.

Некои веднаш се посомневаа дека можеби се работи за Израел, но веројатно сепак не е Израел бидејќи тешко дека таква информација би предизвикала немири во земја во која сигурносно е толку компактно врзана со САД. Други пак се сомневаат дека можеби се работи за некој поголем американски сојузник: Индија? Филипини? Јужна Кореја?

Сето ова се само претпоставки. Ако Викиликс така одлучи, името на таа држава ќе биде објавено наскоро. Секако, ова никогаш не е дноставна одлука за луѓето во Викиликс. Тие се веќе свесни дека таквата објава може да има неивесна разврска, разни реакции па дури дека е можно и насилство. Тоа секако е прашање на морална дилема, но аргумент има и другата страна, доколку целата информација не се објави, има ли смисла воопшто да се објавува?