Викса: Кој губи ако не зборува со 200.000 луѓе?

Ова на денешниот, најмасовен протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го истакна водителот Виктор Петров – Викса.

Вели дека Македонците се воспитан народ, кој секогаш кога е испровоциран да се однесува некултурно наоѓа сила да најде мудрост.

Хан не сакал да прави муабет со нас, и што да правиме сега ние? Кој губи ако не прави муабет со 200.000 луѓе?, прашува Викса.

Потенцира дека за се има крај, па така и за европската политика.

Нивната политика пропаѓа затоа што се има крај. Зошто? Затоа што не е природно. Зошто не е природно? Затоа што се купува. Ова овде не се плаќа со пари. И тука е тоа што ни дава сила, тоа е тоа во кое веруваме, посочи Викса.