Викторија Бекам се задолжила, позајмила 7 милиони евра за да ја спаси фирмата

Славната дизајнерка Викторија Бекам паднала во сериозни финансиски проблеми, поради што наводно позајмила 7 милиони долари за да се извлече.

Сопругата на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам има големи долгови, а како што пишува британскиот таблоид „Сан“, таа од непознат маж позајмила голема сума.

Како што велат, нејзиното модно царство кое го основа пред 12 години, не работи како порано. Викторија лани доживеала огромна загуба, поради што морала да отпушти голем број луѓе. Медиумите пренесуваат дека заради големите трошоци, Викторија била принудена да позајми пари, за да ја спаси својата работа која отсекогаш била нејзин сон.

Како што пишува британскиот таблоид, повикувајќи се на извори блиски на семејството Бекам, дизајнерката склучила таен договор со засега непознат маж, кој наводно ќе ѝ позајми пари, додека Викторија и понатаму ќе ја води компанијата и ќе остане мнозински сопственик. На оваа радикална мерка била принудена после многу насобрани долгови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.