Викторија Нуланд в понеделник во Скопје

Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Викторија Нуланд во понеделник, на 11 јули ќе престојува во Скопје, информира Американскиот Стејт департмент.

Според најавите, Нуланд ќе има средби со лидерите на политичките партии, како и со претставници на граѓанското општество. На средбите ќе се разговара за решавање на политичката криза, за работата на Специјалното јавно обвинителство и создавање услови за кредибилни избори, но и за билатерални и регионални прашања.

Освен Македонија, Нуланд во рамките на турбејата во Југоисточна Европа, која се поклопува со Самитот на НАТО во Варшава, ќе ги посети Косово, Албанија, Србија, Кипар, Грузија, Украина и Полска.