Вилјареал ги демонтира Леванте, гостински победи на Атлетик и Севилја

Во понеделникот вечерта беа одиграни трите преостанати натпревара од 20-то коло на шпанското фудбалско првенство во кои Севилја и Атлетико Билбао остварија гостински победи кај Кадиз односно осасуна, додека Вилјареал беше убедлив дома во дуелот со Леванте.

Севилја славеше кај Кадиз со погодикот во 58 минута на Аргентинецот Лукас Окампос, кого одлично го проигра ветеранот Иван Ракитиќ. Со овие три бода Севилја е втора на табелата со 41 бод, пет помалку од Реал Мадрид но кој има и меч повеќе.

Атлетико Билбао славеше со 3:1 во Памплоната против Осасуна, благодарејќи на „хет-трикот“ на 21-годишниот Оихан Сансет. Домашните поведоа во 10 минута лреку Кике Гарсија, но следеше голгетерскиот трилинг на Сансет во 16, 25 и 68 минута.

Атлетик Билбао сега се искачи на 10-то место со 27 бодови, а го загрозува Еспањол кој има бод но и меч помалку. Осасуна остана на 14-то место со 22 бода од 19 одиграни кола, пест бодови повеќе од зоната на испаѓање во Сегунда.

Вилјареал на својот терен го торпедираше Леванте, решавајќи го прашањет на победникот уште во првиот дел кога поведе со 3:0. Домашнмите поведоа во 8 минута преку Билаје Диа, водството го удвои Пау Торес во 13 минут а го зголеми Жерард Морено во 37 минита. Во финишот на 4:0 во 74 минута зголеми Мани Рригуерос а по пет минути со својот втор погодок на мечот Морено го постави конечниот резултат.

Вилјареал сега е осми со 28 бодови колку што има деветтата Валенсија, а пред нив се Реал Сосиедад и Рајо Валјекано со два бода повеќе. Леванте и натаму е без првенствена победа сезонава, и со само 8 бодови е последен 20-ти и во моментов има осум бода заостанување зад местата кои гарантираат опстанок.