Вилјареал сигурен против Алавес

Карл Токо Екамби, Вилјареал

Во првиот натпревар од десеттото коло на шпанското фудбалско првенство Вилјареа во петокот вечерта го совлада Алавес со 4:1.

Домашните поведоа преку Карл Токо Екамби со единствениот погодок во првото полувреме постигнат во 13 минута. Гостите израмнија во 50 минута со голот на Лукас Перез, но Екамби во 65 минута повторно го доведе Вилјареал во водство. Победата на домаќините кон крајот на мечот ја потврдија Жерат Морено со погодокот во 84 и Хавиер Онтиверос во првата минута од судиското продолжение.

Вилјареал моментално се проби на третото место со 17 бодови, бод помалку од второпласираниот Реал Мадрид и два од водечката Барселона. Но го следата со ист број бодови Гранада, како и со бод помалку и меч помалку – Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид и Севилја. Алавес моментално е 14-ти со 11 бодови, но по завршувњето на колото може да падне и за неколку места подолу на табелата.

Во сабота играат Леганес – Мајорка, Вајадолид – Еибар, Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао, а во недела Леванте – Еспањол, Севилја – Хетафе и Осасуна – Валенсија.

Големото дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид, поради масовните протести во Каталонија е презакажано за 18-ти декември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.