Виле: Македонија ако има свој ден – секого може да победи!

Норвешкиот селектор Јонас Виле предупреди дека без оглед на апсолутната фаворитска улога што ја имаат во групата на Светското првенство во Полска и Шведска, ништо лесно не ги очекува во пресметката со Македонија.

Норвешка е првиот противник на Македонија на 28-то Светско првенство, па Виле посочува дека новата генерација што ја предводи Кирил Лазаров може секого да победи ако има свој ден.

„Македонија, а и Холандија, веќе достигнаа едно ниво кое ако имаат добар ден, тие може секого да победат. Аргентина е нешто послабо рангирана, но далеку од лесна. Мора да бидеме најдобрите од себе ако сакаме три победи. Мора да сме во форма од сам почеток. Исто така никој е противниците не е толку добар за ние да не се сметаме за фаворит. Но, треба да е јасно дека имаме група во која селекциите се гладни за победи и максимално мотивирани. Такви треба да бидеме и ние и ќе ни треба да сме тим кој максимално ќе соработува на теренот, за да го извадиме сиот наш потенцијал за добар резултат“, рече Виле.

Македонија и Норвешка ќе се соочат во петок од 20.30 часот во Краков во првото коло од групите на 28-от Мундијал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.