Вилијам и Кејт имале пеколен лет во бура: Двапати се обиделе да слетаат, но грмотевиците биле толку силни што морале да се вратат назад!

Авионот на британските Кралски воздухопловни сили во кој биле принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, морал денес да го одложи слетувањето во Исламабад двапати и се вратил во Лахоре, откако влетал во бурата.

Принцот Вилијам, кој порано бил пилот на хеликоптер за спасување, на новинарите им рекол дека и тој и Кејт се добро и дека тие проблеми настанале бидејќи тој управувал со авионот, пренесува Ројтерс.

Вилијам и Кејт, кои се на 4-дневна турнеја низ Пакистан, се обиделе прво да слетаат во Равалпинди, па на аеродромот во Истамбул, но потоа одлулиле да се вратат во Лахоре.