Вилјаш-Боаш го доби заслужениот отказ

Раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, потврдија дека пред неколку часа е прекината соработката со сега веќе поранешниот менаџер, Андре Вилјаш-Боаш.

Младиот португалски стручњак го доби заслужениот отказ само еден ден откако неговиот тим со убедливи 5:0 беше торпедиран од Ливерпул и тоа сред Лондон.

Од клубот потврдија дека двете страни пронашле заеднички јазик околу прекинот на соработката, а англиските медиуми ја пласираа информацијата дека најголеми фаворити за испразнетата менаџерска фотеља се Фабио Капело, Маурицио Покетино, Гус Хидинк и Тим Шервуд.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.