Вилјаш Боаш од 20 март нов тренер на Зенит

Младиот португалски стручњак и поранешен предводник на Порто, Челзи и Тотенхем, Андре Вилјаш Боаш, на 20 март ќе биде претставен како нов тренер на вицешампионот на Русија, Зенит.

„Фудбалскиот клуб Зенит сака да ја информира фудбалската јавност дека е постигнат договор за соработка со познатиот португалски стручњак Андре Вилјаш Боаш. Официјанлата презентација е закажана за 20 март, а поранешниот тренер на Порто, Челзи и Тотенхем ќе потпише двегодишен договор со опција истиот да биде продолжен за уште две сезони“, стоеше во официјалното соопштение.