Вилма до Катица: Вие колешке да мислевте, немаше да бидете на обвинителна клупа!

Тензично на денешното рочиште за „Рекет“. Одбраната бара целосно да се презентираат доказите и да не се исклучи јавноста. Но, Судот поради приватност на разговорите, и заштита на приватноста на другите лица, рече дека ќе ја исклучи јавноста кога ќе смета дека за тоа има потреба.

Реагираше Катица Јанева која рече дека Обвинителството требало да мисли и на тоа кога ги презентирало доказите, а Рускоска и врати дека, таа да мислела, немаше сега да биде на обвинителна клупа.

По ова се вклучи и Бојан Јовановски кој вербално ја нападна обивнителката Рускоска дека монтирала случаи. Судијата даде последна опомена пред да ги отстрани обвинетите. Судењето продолжува и се изведуваат и преслушуваат разговори во судница.

Веројатно јавноста подоцна ќе биде отстранета кога ќе почнат да се слушаат приватните разговори.

-Бараме денеска јавноста да не биде исклучена при прикажување на дел од доказите од целото стикче кое го има ОЈО, побара денеска од судот второобвинетата во „Рекет“ Катица Јанева. – За да се види кој нудел поткуп, кој давал рекет – рече Јанева.

Боки 13 рече дека требало да има време за да изврши увид во списите и доказите против него, но во затворот немал можност да види.

– Незаконски сум снимен од Зоки Кичеец. За тоа што го кажа Јанева се согласувам – рече Бојан Јовановски.

Јавната обвинителка Вилма Рускоска рече дека одбраната оди на одолголекување на постапката.