Вилма Русковска на вечера со Кире Наумов од СДСМ (ФОТО)

605

Откако по кој знае кој пат македонската јавност денес повторно се увери дека живееме во хибриден режим, во кој правото е сведено на инквизиција, а според пресудите се знае кој е „човек на Заев“, а кој е критичар, еве сѐ уште сум во редакција и подготвувам стратегија за начинот на кој меѓунардоните партнери на Македонија најдобро ќе бидат запознаени со режимот во земјава, и уште еднаш ќе размислат дали заслужуваме датум за ЕУ – цврсто сум уверен дека не заслужуваме, пишува новинарот Александар Митовски, осуден на шест месеци условна затворска казна, за објавување искази на сведокот Орце Камчев во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“.

„И додека ја подготвував стратегијата за реакција по денешната пресуда, еден мој добар пријател ми испрати фотографии кои дополнително ми ја потврдуваат намерата. Македонија не заслужува датум за преговори, дефинитивно. Барем не додека во земјава шефови на обвинителства се луѓе како Вилма Русковска. Еве на пример вечерва, Русковска наместо да се сокрие некаде во некоја пештера, засрамена што е икона на инквизицијата во земјава, таа заедно со директорот на Македонската банка за обнова и развој Кире Наумов, и уште двајца бизнисмени вечераше во еден познат ресторан во Градскиот парк во Скопје“, пишува Митовски.

Тој вели и дека има аудио-записот од разговорот, а воедно прашува дали со Кире Наумов, Русковска разговарала за изградба на спа центри низ Македонија?
Дали се барале ургенции во министерство за транспорт за да се обезбеди земјиште и локација за изградба на тие спа центри? Дали станува збор за истите проекти кои Боки 13 ги нудел на бизнисмените? Дали Русковска разговарала за некои тендери за осветлување во една општина?

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.