Вимблдон дозволи настап на руски и белоруски тенисери како неутрални спортисти

По едногодишна забрана која беше воведена поради војната во Украина, тенисерите од Русија и Белорусија ќе можат ова лето да настап на грен–слем турнирот во Вимблдон, одлучија организаторите.

Водството на турнирот минатата година еднострано одлучи да им забрани настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки, по што се соочи со закана за бојкот од асоцијациите на тенисерите.

„Го прифаќаме доаѓањето на тенисери и тенисерки од Русија и Белорусија. Тие ќе се натпреваруваат како неутрални спортисти без какви и да е национални обележја. Исто така забрането ќе биде какво и да е изразување поддршка на инвазијата која Русија ја спроведува врз Украина“, соопштија организаторите на Вимблдон.

Во соопштението се прецизира дека ниту еден тенисер од овие две земји не смее да има спонзор поврзан на кој било начин со владите на Русија и Белорусија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.