Вимблдон: Надал осми пат во четвртфиналето

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал без многу проблеми во понеделникот вечерта по осми пат се пласираше во четвртфиналето на Грен слем турнирот во Вимблдон совладувајќи го во осминафиналето Холанѓанецот Ботик дан дер Зандшулп, 25-от на АТП листата со 6-4, 6-2, 7-6 (8/6),, а за минување во полуфиналето ќе се бори со Американецот Тејлор Фриц кој е 14-ти на АТП листата.

„Продолжувам по вистинскиот пат. Ова беше многу позитивна игра против многу добриот противник кој многу напредувал. Да се биде во четвртфиналето, по три години без минување, многу е убаво, особено имајќи предвид на сѐ што се случи во последно време“, изјави по мечот 36-годишниот Надал.

Оцени дека мечот против Фриц ќе биде „тежок, но ние сме во четвртфиналето на Вимблдон, па што друго можеме да очекуваме“.

Победникот на Вимблдон во 2008 и 2010 година, Надал оди по 23-та Грен слем титула, откако годинава веќе ги освои Австралија Опен и Ролан Гарос.

Во четвртфиналето во понеделникот, освен Надал и Фриц, се пласираа и Австралиецот Ник Киргиос и Чилеанецот Кристијан Гарин.

Вимблдон, тенисери, четвртфинале

Кристијан Гарин (Чиле) – Алекс Де Минаур (Австралија/19) 2-6, 5-7, 7-6 (3), 6-4, 7-6 (6)
Ник Киргиос (Австралија) – Брендон Накашима (САД) 4-6, 6-4, 7-6 (2), 3-6, 6-2
Тејлор Фриц (САД/11) – Џејсон Кублер (АвстралијаС) 6-3, 6-1, 6-4
Рафаел Надал (Шпанија/2) – Ботиќ ван дер Зандшулп (Холандија/21) 6-4,6-2,7-6(6)