Вимблдон: Ѓоковиќ убедлив, испадна Руд

Првиот носител и бранител на титулата во Вимблдон, моментално третопласиран на АТП листата, Србинот Новак Ѓоковиќ чесно стаса до третото коло на третиот Грен слем турнир сезонава совладувајќи го Австралиецот Танаси Кокинакис, 79-ти на АТП листата со 6-1, 6-4 и 6-2 за два часа игра.

Ѓоковиќ на патот кон осминафиналето го очекува сонародникот Миомир Кецмановиќ, 30-ти на АТП листата кои во четири сета со 7-6 (4), 7-6 (3), 3-6, 6-3 го победи Чилеанецот Алехандро Табило, 78-ми на АТО листата.

Второто коло во Вимблдон беше и последното за годинешниот финалист на Ролан Гарос, Норвежанецот Каспер Руд, 6-ти на АТП листата, кој беше совладан од Французинот Иго Умбер, 112-ти на АТП листаа со 3-6, 6-2, 7-5, 6-4.

 

ВИМБЛЕДОН, тенисери – 2. коло

Новак Ѓоковиќ (СРБ / 1) – Танаси Кокинакис (АУС) 6-1, 6-4, 6-2

Миомир Кецмановиќ (СРБ/ 25) – Алехандро Табило (Чиле) 7-6 (4), 7-6 (3), 3-6, 6-3

Оскар Оте (ГЕР/ 32) – Крис Харисон (САД) 3-1, предавање

Хуго Хамберт (ФРА) – Каспер Руд (НОР/ 3) 3-6, 6-2, 7-5, 6-4

Дејвид Гофин (БЕЛ) – Себастијан Баез (АРГ/ 31) 6-1, 6-2, 6-4

Френсис Тиафо (САД/ 23) – Максимилијан Мартерер (ГЕР) 6-2, 6-2, 7-6 (3)

Александар Бублик (КАЗ) – Душан Лајовиќ (СРБ) 7-6 (7), 6-2, 7-5

Стив Џонсон (САД) – Рајан Пенистон (Велика Британија) 6-3, 6-2, 6-4