Винс Картер објави крај на кариерата во НБА

По 22 години минати во најсилната кошаркарска лига во светот американската НБА, 43-годишниот Винс Картер во четвртокот објави дека ја завршил професионалната играчка кариера.

Кошаркарот својата одлука ја објави во подкастот „Winging It With Vince Carter“ (Да се победува со Винс Картер), наведувајќи дека „официјално завршува со професионално играње кошарка“.

Потпишувајќи минатата сезоната едногодишен договор со Атланта Хоукс, Картер веќе најави на почетокот дека му е последната сезона на кариерата. Но, од прекинот на лигата во март поради пандемијата на болеста Covid-19, Картер не се изјаснуваше за својот играчки статус.

Меѓутоа, бидејќи во договорот на сите учесници беше одлучено натпреварувањето да биде продолжено со само 22 екипи, а Аталанта која е екипа со четвртиот најлош резултат сезонава во НБА лига остана меѓу осумте клубови кои ја завршија сезоната, се покажа дека на 12-ти март и Винс Картер ја одигра својот последен натпревар, во која Хоукс ги победи Њујорк Никс со 136:131.

Иако превремениот крај на сезоната тешко му паднал, разочарувањето на Картер со ваквиот епилог не е толку изразен имајќи предвид дека уште пред пандемијата ја донел одлуката за пензионирањето.

„Доколку и постои некакво разочарување по прашањето на сезоната, бепе полесно да се остави настрана и да се носи со тоа. Станува збор за нешто што е поголемо поголемо од мојата кариера. Несреќни се околностите, но имајќи предвид дека колку брзо коронавирусот зема животи, постои нешто многу поголемо. Поради тоа ми беше полесно да се носам со оваа чудна завршница“, вели Картер кој стана првиот НБА играч во историјата кој одиграл на најмалку еден натпревар во четири различни децении.

Картер во НБА лигата влезе во 1998 година, а во неговата прва сезона беше избран за Најдобар дебитант на годината. Кариерата ја заврши со просек од 16,7 коша по натпревар, а играше за осум различни екипи. Првите шест сезони (од 1998 до 2004) ги мина во Торонто Рапторс, а следните пет (од 2004 до 2009) играше за Њу Џерси Нетс. Потоа настапуваше за Орландо Меџикс (2009 – 2010), Феникс Санс (2010 – 2011), Далас Маверикс (2011 – 2014), Мемфиз Гризлис (2014 – 2017), Сакраменто Кингс (2017 – 2018) и Атланта Хоукс (2018 – 2019).

Најдобриот резултат го оствари во дресот на Орландо во 2010 година, кога неговиот тим беше поразен од Бостон Селтикс во конференциското финале за плеј-офот за шампион на НБА.

Винс Картер осум пати беше избирани во Ол-стар екипата, а се семта за еден од најатрактивните „забивачи“ на сите времиња. Победи во во натпреварувањето во забивањње на Ол-стар викендот во 2000 година. Истата година со репрезентацијата на САД го освои златниот медал на Олимписките игри во Сиднеј.