Винс Вон уапсен бидејќи возел пијан

Познатиот холивудски актер Винс Вон (48) бил уапсен вчера бидејќи воззел пијан, во градчето Менхетен Бич во Калифорнија, потврди тамошната полиција. беше уапсен во неделата, под сомневање за возење во алкохолизирана состојба, соопшти полицијата на градот Калифорнија на Менхетен Бич.

Вон, кој е најпознат по комични ролји во хитови како „Доџбол“,„Свингерс“, „Расипувачи на свадби“,  во последниве години се профилира во сериозни улоги како оние во оскаровската воена драма на Мел Гибсон, „Гребенот на спасените“ и бруталниот затворски трилер „Тепање во келискиот блок 99″.

Освен Вон, приведен е и неговиот пријател совозач, а автомобилот е запленет. Треба да се напомене дека ова не е прв вааков инцидент Вон , кој пијан направи скандал на финалето на олимпискиот хокеарски турнир пред неколку години.
Актерот може да има и поголеми проблеми бидејчи двајцата се спротивставиле на апсењето, а Вон, исто така, одбил да се алкотестира.

Актерот беше ослободен по поминатата ноќ во полициската станица, но има обврска да се појави на суд. Полицијата не сакаше да коментира кога непослушната холивудска ѕвезда треба да дојде во судот и под кои обвиненија, а без коментар е портпаролот на актерот.