Виролози ја оценија тезата за вештачкото потекло на омикрон сојот

Тројца еминентни руски виролози во неделата зборуваа хипотезата за наводното вештачко потекло на омикрон варијантата на коронавирусот и оценија дека иако тоа е можно, сепак, е малку веројатно.

Така, вирологот Пјотр Чумаков, шеф лабораторијата за пролиферација на клетките во Институт за молекуларна биологија „В.А. Енгелхард“ при Руската академија на науките, признава дека новата верзија на коронавирусот SARS-CoV-2 може да се покаже како „жива вакцина“ создадена од ткн биохакери. Но според него, никој по тој пат не оди официјално.

„Постои таков проблем – биохакирање, кога луѓето се повеќе или помалку напредни, поседуваат извесни технологии и на сопствен ризик и опасност кон сопственото разбирање прават некои работи кои може да имаат огромно влијание на сите нас“, вели Чумаков.

Од своја страна, научниот директор на Истраживачкиот центар за вакцини и серуми „И.И. Мечников“, Виталиј Зверев, и шефот на Лабораторијата за биотехнологија и вирологија, Сергеј Нетесов, сметаат дека вештачкото потекло на омикрон сојот е малку веројатно.

„Јас сум 99 отсто сигурен дека ова не е никаков вештачки сој, затоа што доколку направите вакцина за сој, тогаш мора да биде официјално започнато, преку тестирања и мора да биде дизајнирано во многу добро заштитена лабораторија и тоа да се прави транспарентно“, појаснува Нетесов.

Зверев, пак, истакнува дека новите соеви на вирусите се формираат преку природен пат.

„Веќе имаше сличен случај кога во Јапонија мутираше сој на коронавирусот, и како резултат на тоа се чинеше дека вирусот се уништува самиот себеси“, потсетува научникот.

Новата варијанта на SARS-CoV-2 првпат беше идентификуван кон средината на ноември во Боцвана и Јужноафриканската Република. Тој содржи десетици мутации на шилестиот S-протеин, преку кој вирусот ги заразува клетките. Научниците сметаат дека оваа варијанта првично се развила во организам на имунокомпромитиран пациент, веројатно претходно заразен со ХИВ.

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) првично го означи овој сој како B.1.1.529 и го карактеризираше како „многу загрижувачки“ и го нарече „омикрон“ според 15-та буква од грчката азбука. Стручњаците веруваат дека со оваа варијанта може да се заразат и лицата кои прележале или се целосно вакцинирани против коронавирусната болест Covid-19, но кај нив болеста има лесен тек. Симптомите при инфекција со овој сој се движат од чувство на замор до главоболки и болки во телото.

Во моментов во повеќето земји во светот доминира ткн делта варијантата на коронавирусот, или B.1.617.2, но научниците сметаат дека набрзо ќе биде истисната од омикрон сојот. Според последните потврдени податоци, случаи на заразата со омокрон варијантата е индентификувана во 89 земји.