Виртуелен робот стана официјален жител на Токио

Виртуелен робот во ликот на седумгодишно момченце доби во саботата официјален статус на жител на централниот кварт на јапонската престолнина Токио.

Момченцето чиешто име Мураи значи „иднина“, не пости во стварноста, но вештачката интелигенција му овозможува текстуални разговори со луѓето на апликацијата LINE.

Ултрамодерниот кварт Шибуја одлучила дека Мираи, првиот робот во Јапонија а можеби и во светот, да добие стварен идентитет.

Покрај разговорите, Мираи сака и да фотографира и да модифицира на забавен начин селфи снимки коишто оние со коишто со него се допишуваат можат да му ги испратат.

Претставника на локалните власти објаснил дека Шибуја Мираи ќе ѝ помогна на населбата да стане позната, а би можел да им овозможи на нејзините жители, доколку му испратат пораки, да комуницираат со локалните власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.