Вирусот е вештачки – Трамп е вистински

Минатата колумна беше една од почитаните, разбирливо, личното искуство е секогаш најискрено и нешто што може секој да го разбере и извлече некаква поука, а сега ќе го кажам моето ЛИЧНО мислење за целава ситуација.

Малку ми се темиве кармакашa и обично не сакам да се расплинувам, но ме влече да направам омнибус, што и не е добро, барем за колумна, ама нејсе, имама бледа слика, пар реченици, па да видам до каде ќе оди.

Ви раскажав за мојата здравствено, животна состојба, така што како паталец имам јасна представа за многу болести, особено сезонските, какви се и како делуваат. Од коронава поминаа месец дена, иако лесно, последиците сеуште ги чувствувам. Клапнат, енергијата не се враќа, сетилото за мирис едвај… но добро, здрав сум и сега сум, класичен рековалесцент, а чувствувам дека ќе треба доста време да се вратам на 100%. Но, сите инстикти ми зборат дека ова што го прегрмев повеќе наликуваше како да сум бил погоден со хемиско оружје. Како да сум вдишал некој боев отров, а не некаков си сезонски грип. Ништо од се’ што сум доживеал, преживеал, наджиевал во мојот живот нема слично со ова. Реков дека зимоска (едвај) преживеав силен грип, ама го осеќав, знаев дека е грип, вирус, сите елементи беа тука, а ова… ова е нешто друго. Ова е неспоредливо со било што. Затоа, се осмелувам да кажам дека ова може да е само и само вештачка работа. Секако задржувам правото да сум грешка, но…

Ова нема да се смири додека 80% од човештвото не се зарази” – Меркел, февруари 2020

Знаете, премногу гледате евтини филмови и во сите нив, корпороациите се лоши ама владите бре просто гинат со народот. Не го купувам тоа, оти на секоја фирма и’ треба профит, а за тоа треба здрави луѓе, кои имаат плата и можат да трошат. Сивата еминенција има поинакви обскурни цели.

Во демонологијата имаше еволуција како изгледа шејтанот и неговите мињони, т.е. копита, рогови те гуштери, па се’ до зелен елиен, така и со таквите влади во сенка, од масони, илуминати… до длабока држава… сеедно, штом ние го знаеме тоа – бидете убедени дека не е така. Знаете и говорите само они што сакаат да знаат.

А, не се некои тајни, јавно работат, нивниот сенатор Палапатин ака Сорос не е нешто зад кулиси, а нивните стормтрупери не се невидливи – шарени се и ја владеат улицата. Со децении создаваат НВО-а за регрутација и индоктринација, и затоа секоја народно избрана влада ќе биде срушена затоа што десницата не може да ги победи, нема ресурси или не вложува.

Да, прејаки се и ќе бидат. Сите аналитичари спектакуларно потрфлија, а најголема трагедија е што се потпреа на два лика, Путин и Трамп. Е па дечки, сори, настрана симаптиите кон нив, Сорос и да умре, ако умре уопште, ко Елизабета, ништо нема да се смени, мрежата за ендгејм е поставена, нивните задужбини се трајни со сериозни инвестиции со децении. Од другата страна мислите дека Трамп дури и со десетици свои милијарди може да им парира? Секако не. Затоа ќе изгуби, оти верува дека изборите се добиваат чесно и дека народот одлучува. Го видоме ние ова на своја кожа… и што направивме??? …се напупивме ние кои не се согласуваме, оти немавме база. Нив да ги срушиш ниеден од нив нема да остане на улица, а вие сте само една плата од тотален банкрот. Десницата не ја владее улицата, медиумите, политичарите, а шарениве, покажаа многу храброст и пред нишан да застанат. Нема револуција без жртва, вложување, а они вложуваа, и се жртвуваа.

Оваа зима ќе биде многу, многу тешка – Меркел ноември 2020

Меркел сигурно не е некоја си паметна за медицина, но има кој ја брифира и информира што ќе биде. Ги заболе немците ако има полициски час, имаат економија која може да си дозволи година дена платен одмор за цело општество без да си ја наруши сериозно економијата. Ние… !?!?!…

Доаѓате ли сега до некакви заверенички одговори кому му одговара вирусов? Моето мислење ќе го кажам поставувајќи прашања…
Русија ја виде и слушна некој во приказнава? Не? Секако, бидеејќи целава игра иде преку Кина.
Кина и Трамп – војната со царни + Хуавеи + забраната за нивното 5г на запад? Кина и Русија се врзани садови, а ме убедувате дека Трамп и Путин на-ти-дај-ми? Смешки!

Прашајте се, дали Трамп ќе беше ставен пред ѕид, како што е сега, да не беше коронава? Никој не го прогласи официјално победникот, нивните медиуми и сателити си го прогласија нивниот без око да ви трепне. Рече некој дека Македонија е тест полигон? Сличности, до болка скоро исто, само умножено на милиони. Затоа мислам дека и покрај се, нема да му биде дозволено на Трамп да добие втор мандат, заслужено или не. А плебсот како нас навива, не делува. Не знае како и чека од друг.

За најмала ситница шарените се на улица, вие мрсите и тупите зошто излегла опозицијата, зошто тогаш не излегла… е па дремете, они ќе си владеат, а вие расправајте се со опозицијата – апсурд!

Нема нешто подобро што на љубителите на тоталитаризмот, кои денес се нарекуваат демократии, левица, да завладее со светот еден кинески систем, пазарно општество со една партија на власт. Затоа Трамп е Мазговот од втората книга Задужбина на Асимов, а сите кои имате слободарски дух сте поразени од аргонацијата на сопственото его оти мислите дека сте во право. За да си во право треба да се избориш ама не со стауси. Погледнете ги шарените, спектакуларно се откажаа од се’, само агенадата да им се исполни – затоа им успева, а вам не. Срамно е да кажеш дека Трамп се бори за демократија – тука е поразот – се оставивте на еден човек. Ова време нема да дозволи еден да победи – може и ќе биде само широка мрежа каде партијата е само мал сегмент. Еднаш и ќе ги зезнеш – и никогаш повеќе.

Короната е оружје

Повештачка и подобро смислена работа од овој лабораториски модофициран вирус се нема случено, како да е правен токму за нив, и го имаат замаецот за тотален општествен преврат на глобално ниво. Барем слушајте ја Меркел што кажува, за да можете да си помогнете да преживеете. Вложете во сопствениот имунитет, создвајте залихи, бидете спремни за најлошо, оти и јас верувам дека ќе биде една од најтешките зими со децениии наназад за целото човештво.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес