Висок пораз на Феникс и покраj 59 коша на Букер, тешка повреда на Нуркиќ

Феникс Санс доживеаја висок пораз на гости кај Јута Џез од 92:125, а на поразената екипа не ѝ помогнаа ниту 59-те поени на Девин Букер.

Џез ги предводеше Руди Гоберт со 27 коша и 10 скокови, што му е 59-ти „дабл-дабл“ учинок оваа сезона а впиша и рекорд стасувајќи до 274 „забивања“ во една сезона. Претходниот рекорд со 269 забивања во една сезона го држеше Двајт Хаурд остварен во сезоната 2007/2008 година.

Портланд Трејл Блејерс по две продолженија со 148:144 беа подобри од Бруклин Нетс, а натпреварот го одбележа тешката повреда на Јусуф Нуркиќ кој мечот го заврши со 32 поена и 16 скокови. Нуркиќ при доскок ја скрши ногата на 2,22 минути пред крајот на второто продолжение. Дамиен Лилард додаде 31 кош и 12 асистенции за Блејзерс кој шеста година со ред обезбедија настап во доигрувањето.

Орландо Меџикс со 119:98 ги поразија Филаделфија 76ерс, а до победата ги водеше Никола Вучевиќ со 28 кошеви и 11 скокови. Благодарејќи на оваа победа Орландо направи голем чекор кон настапот во плеј-офот, заостанува само „половина меч“ во соодносот зад Мајами Хитс во борбата за осмото место во Источната конференција. Токму овие две екипи играат денеска во Мајами. Ивен Фурние додаде 24 кошови со 7 асистенции за Орландо, а Џоел Имбид со 20 кошеви и 10 скокови ги предводеше Сиксерс.

Мемфис Гризлис на домашен паркет со 115:103 ги надиграа Оклахома Сити Тандерс, а Бруно Кабокло за победата постигна 24 коша. Кабокло во претходните 60 меча во НБА лигата во последните пет сезони не постигнуваше повеќе од 16 кошеви, а изминатата ноч со 11 скокови, исто така, го израмни и најдобар ефект во кариерата во скоковите. Пол Џорџ ги предводеше Тандерс со 30 поени, а Денис Шредер додаде 26 поени.