Висок претставник на Ватикан обвинет за сексуално злоставување

Високиот претставник на Ватикан, Херман Гајслер денеска поднесе оставка откако поранешната милосрдна сестра од неговата заедница Дорис Вагнер јавно го обвини за сексуално вознемирување за време на исповед, соопшти Ватикан.

Гајслер ги негира тврдењата и го задржа правото да поднесе граѓанска тужба.

Гајслер, кој изјави дека сака Црквата да ја продолжи истрагата за наводите на поранешната милосрдна сестра, рече дека оставата ја поднесува „за да ја намали веќе направената штета“ на канцеларијата на Ватиканската Конгрегација, Ватиканска канцеларија, која се занимава со случаи на сексуално злоставување каде што тој беше шеф на персоналот.

Вагнер го обвини Гајслер на конференција за сексуално злоставување на жени и свештенство, која беше одржана во Рим во ноември минатата година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.