Висок советник на Помпео поднел оставка

Високиот советник на американскиот државен секретар Мајк Помпео поднел оставка, пишува во петокот весникот The Washington Post, кој наведува дека објавувањето на оваа информација се очекува подоцна во текот на денот.

Мајкл Меккинли, дипломат од кариера, ја извршуваше должноста политички советник на Мајк Помпео од мај 2018 година, а претходно беше американски амабасадор во Авганистан, Бразил, Колумбија и Перу. Неговото заминување се случува во моментот која американскиот државен секретар и Стејт департментот се вмешани во ткн „украинска афера“, поради која демократите иницираа истрага поради можно отповикување на претседателот Доналд Трамп.

Демократските пратеници по упатија судски налог на Мајк Помпео да ги предаде докумнтите кои се важни за истрагата во врска со телефонскиот разговор од 25-ти јули меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Владимир Зеленски, во кој Трамп барал да се истражи дали Џо Бајден како потпретседаетел на претходниот претседател Барак Обама вршел притисок да се прекине истрагата за корупција во украинска гасна компанија во која претседател беше неговиот син Хантер Бајден. Џо Бајден се споменува како најверојатен противкандидат на Трамп на претседателските избори во 2020 година.

Пратениците рекоа дека Помпео одбил да соработува, како и дека се оглушил од ткн „сабпоен“.

Иако Меккинли не е директно вмешан во аферата со Украина, служел како канал од кабинетот на Помпео.

Стејт департментот претходно седмицава го блокираше сведочењето на американскиот амбасадор при Европската унија, Гордон Сонлданд, која потоа доби налог да се појави на судот на 16-ти октомври. Предвидено е и поранешната американска амбасадорка во Украина, Мари Јованович, во петокот да се појави пред три парламентарни комитети кои ја водат истрагата за отповикувањето на претседателот.