Висока делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Берлин ги зајакнува односите со Германија, конзервативците на Меркел и фондацијата „Конрад Аденауер“

Во рамките на конференцијата „Улогата на пратениците во регионалната соработка“ која е дел од Интер-парламентарна иницијатива за соработка меѓу земјите од западен  Балкан 2019, која се одржува во Берлин од ВМРО-ДПМНЕ присуствуваат координаторот на пратеничката група Никола Мицевски и меѓународниот секретар Владимир Ѓорчев.

На конференцијата свои обраќања имаа германскиот пратеник и координаторот за трансатлантска соработка на германската влада Петер Баер, амбасадорот и директорот за Југоисточна Европа, Турција и ЕФТА во МНР Кристијан Хелбах, директорот на директоријатот за централна и источна Евопа, централна Азија и јужен Кавказ Матијас Лутенберг, претседателот на поткомитетот за европски прашања и пратеник од Австрија Рајнхолд Лопатка, известителот на германскиот парламент за Македонија, БиХ и Албанија, гетманскиот пратеник Кристијан Шмит, заменик директорот на бирото за европска и меѓународна соработка на фондацијата Конрад Аденауер Петер Фишер – Болин, шефот на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот Ралф Бринкаус, заменикот шеф на парламентарната група на ЦДУ Јоханес Вадефул, заменик шефот на пратеничката група на ЦДУ / ЦСУ Катја Лајкерт,  претседателката на женската организација при ЕПП Дорис Пак, како и секретарот за меѓународна соработка на  ЕПП Патрик Волер.

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев изјави:

“ВМРО-ДПМНЕ гради силно пријателство со Германија, ЦДУ и фондацијата Конрад Аденауер, како и со Европската народна партија (ЕПП). Во наредниот период очекуваме интензивна соработка. Благодарни сме на поканата од фондацијата Конрад Аденауер, продолжуваме понатаму со повеќе меѓународни активности како дел од надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ”, нагласи Ѓорчев.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна:

“Одлично е да се остварат средби и да се слушнат од прва рака дискусиите и обраќањата на највисоките кругови на германската политика. Ова беше шанса соговорниците од Германија да ги запознам со состојбите во Македонија. Ќе продолжиме да работиме заедно”, подвлече Мицевски.

Ѓорчев и Мицевски порачаа дека врските помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЦДУ остануваат силни и дека и во иднина ќе се интензивираат, забчагодарувајќи се на фондацијата Конрад Аденауер за поканата за посета на Берлин и Германија.