Висока победа на Интер над Каљари

Фудбалери на милански Интер се искачика на третото место во табелата на италијанскиот шампионат, откао со 4:0 (1:0) дома го победија Каљари во првиот натпревар 33-то коло на Серија.

Интер поведе со раните погодоци по почетокот на двете полувремиња, преку Карчело во 9 и Икарди во 49 минута, по што следуваа погодоците на двајцата хрватски интернационалци Марсело Брозовиќ во 60 и Иван Перишиќ во 90 минута.

Третиот Интер има 63 бодови, два повеќе со натпревар повеќе од четвртиот Лацио и петтата Рома, кои ќе игаат во среда. Лацио ќе гостува кај Фиорентина, а Рома ќе биде домаќин на Џенова.

Каљари е на 14-то место со 32 бодови.

На врвот е Јувентус со 84 бодови, додека Наполи е втор со 78.

Сите други девет натпревари од 33-та рунда ќе се одигра во среда: Беневенто – Аталанта, Кротоне – Јувентус, Фиорентина – Лацио, Верона – Торино, Рома – Џенова, СПАЛ – Киево, Наполи – Удинезе, Сампдорија – Болоња и Торино – Милано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.