Високи затворски казни за предивикување паника во финалето на Лигата на шампионите

69

Четворицата млади Мароканци се осудени на високо затворски казни поради предизвикување на стампедото на торинскиот плоштад Сан Карло на кој околу 30.000 луѓе го следеа финалето од Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Реал Мадрид во Кардиф во јуни 2017 година, кога загинаа две лица а над 1.600 беа повредени.

Момчињата на возраст меѓу 20 и 22 години добија по десетгодишни затворски казни. Адвокатите на осудените момчиња најавија жалби на пресудата.

Метежот се случи кога момчињата фрлиле неколку петарди и солзавец и притоа извикувале „бомба, бомба“. Тоа предизвикало стампедо, а луѓето во паниката од можен терористички напад почнале да газат едни преку други.

Во несреќата две лица ги загубија животите, пет лица потешко настрадаат, а вкупно беа повредени уште 1.622 луѓе.

„Слушнавме крици и одеднаш илјадници луѓе започнаа да бегаат во сите правци. Настана хаос. Децата се загубија од родителите. Немаше бомба, но имавме чувство како да ја имаше“, раскажал за весникот La Stampа еден од навивачите пристуни на несреќата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.