Високите работни столици може да придонесат за губење на тежината

Сите оние коишто просечно во канцелариите седат околу шест часа, а би сакале да загубат вишок килограми, би требало ниските работни столици да ги заменат со високи, покажува студијата објавена во стручното списание European Journal of Preventive Cardiology.

Долготрајното седење се поврзува со епидемијата на зголемена телесна тежина, кардиоваскуларните болести и развојот на дијабетес. Европејците седат просечно и до седум часови дневно, а дури и физички активната група луѓе неретко минува поголем дел од денот во седечка положба.

Со истражувањето се сакало да се дознае дали со стоење со согоруваат повеќе калории отколку кога се седи и, доколку тоа е така, колку. Научниците ги анализирале резултатите од вкупно 46 различни судии спроведени на вкупно 1.184 испитаници. Учесниците во анкетите имале во просек 33 години, а меѓу нив 60 отсто биле мажи, а просечниот индекс на телесната маса бил малку поголем од препорачаниот.

Американските кардиолози претходно утврдија дека со стоење во минута се согоруваат 54 килокалории повеќе отколку во седечка состојба. Пресметале дека лице тешко 65 килограми кое во текот на работното време шест часа дневно би стоело на висока работна маса, годишно би загубило 2,5 килограми, со еднакво дневно внесување на калории. За четири години тоа би изнесувало десет килограми.

Еден од авторите на студијата, професорот Франциско Лопез-Хименез, шеф на Одделот за кардиологија на Клиниката Мајо во Рочестер вели „Со стоењето не само што се согоруваат исповвеќе калории, туку се зајакнува и работата на мускулите, што го поврзуваме со помалиот број заболувања од срцеви болести, од мозочен удар и дијабетес, па придобивката е видлива и кај оние кои не се фокусирани само на губењето килограми“.

Чекор подалеку би бил направен кога луѓето додека стојат би правеле ситни движења, коишто не треба да бидат потценувани, вели Лопез-Хименез.

„Додека стојат, повеќето луѓе спонтано прават мали движења, на пример, се преместуваат од нога на нога или прават помали чекори напред – назад, а тоа не треба да се потценува. Во секој случај, важно е да се избегне долготрајното седење“, предупредува овој кардиолог.

Едно проучување спроведено во 2015 година упатува на тоа дека вработените кои во текот на работата во канцелариите стоеле на високи работни маси биле работно поефикасни.

Меѓутоа, германските лекари опцијата на стоење над работната маса во канцеларијата не ја сметаат за долгорочно добро решение за здравјето на луѓето. Тие сметаат дека тоа би можело да резултира со проблеми на мускулно-коскениот состав, па советуваат умереност.