Високите температури продолжуваат и седмицава, денеска до 31 степен

Времето во Македонија во вторникот ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер, максималната температура ќе достигне 31 Целзиусиов степен, а сончевото и топло време ќе продолжи и во следните денови

Минималната утринска температура изнесува меѓу 3 и 11 во разни предели од земјата, а максималната дневна ќе достигне од 25 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, со температура до 29 Целзиусови степени.

Во следните денови, како што информираат од УХМР, продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината.