Високо загадување на воздухот во Центар утрово

Официјалните податоци на Министерството за животна средина, пак, утринава покажуваат загаденост во Центар, три пати над дозволеното, кај Ректорат 102 ПМ10, 100 во Бутел, 148 ПМ10 во Миладиновци, а 136 во Сопиште.

Инаку, синоќа мерната станица во Сопиште покажа екстремно висока загаденост, со над 400 ПМ10 на метар кубен.

Според глобалната апликација Ер Вижуал (AirVisual) , која ги рангира градовите во светот по загаденост на воздухот, денеска Скопје се наоѓа повтроно на врвот, однсосно на седмото место.