Вистинска зимска идила вечерва на Попова Шапка

На социјалните мрежи вечерва се шири снимка од прекрасна зимска идила на Попова Шапка.

Денеска особено попладне и навечер, како и во текот на ноќта ќе има нови врнежи од дожд, а снег ќе врне само на највисоките планински места.

Локално ќе наврне значително количество воден талог (над 30 л/м2). Ќе дува и засилен до повремено силен ветер од јужен и од југоисточен правец (над 65 км/час).

Потоа во среда сѐ уште ќе има локални врнежи а во четврток и петок ќе имаме постабилно и суво време. Нови врнежи се очекуваат во текот на викендот.